Поврзете се со нас

Италија

Серија А го ратификуваше планот Б за решавање на шампионот

Објавено

на

Клубовите од Серија А не го прифатија предлогот за решавање на сезоната со плејоф-плејаут и имплементирање за посебен алгоритам, но и покрај тоа, одговорните луѓе денеска го ратификуваше овој план издаден во соработката со првите лица на Федерацијата.

Планот А е да се доигра сезоанта во нормален тек и да се одиграат сите неодиграни кола, но голем проблем ќе настане доколку сезоната биде одново прекината, бидејќи правилото во Италија е далеку поригорозно од Германија. Доколку еден член на тим се зарази со коронавирус, цел состав ќе мора да оди во карантин две седмици, а тоа ќе значи нов прекин на сезоната.

Поради тоа, Федерацијата изработи и план Б за решавање на фудбалската сезона, а истиот ќе оди според следниот редослед.

Најповолно сценарио во таква ситуација ќе биде доигрување на сезоната со плеј-оф и плеј-аут, но доколку нема услови и за такво нешто, ќе биде имплементиран посебен систем, односно шампионот ќе биде решен со помош на специфичен алгоритам кој ќе земе во предвид многу детали од сезоната.

Факт е дека дури 16 клубови од Серија А беа против ваквата разрешница, но истата сега е реалност доколку биде детектиран нов заболен во фудбалското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни