Поврзете се со нас

Англија

Селекторот на Холандија со коментар за Ван де Бек: Јасно е дека не е среќен, но не е…

Објавено

на

Во текот на изминатите неколку денови се појавија информации кои го поврзуваа холандскиот интернационалец, Дони Ван де Бек со заминување од Манчестер Јунајтед по само една сезона помината на „Олд Трафорд“.

Холандскиот фудбалер не игра многу под водство на Оле Гунар Солскјер, па токму тоа ги натера медиумите на Островот да шпекулираат со негово незадоволство и барање да се врати во Ајакс.

Сепак сите вакви шпекулации ги дематнираше Франк Де Бур, селекторот на репрезентацијата на Холандија кој го избра Ван де Бек во селекцијата за претстојните квалификациски натпревари за Свтското првенство.

– Зборував со луѓето од Ајакс и рекоа дека нема вистина во тоа дека Ван де Бек сака да се врати. Воопшто не барал да зборува со нив, фокусиран е на опоравувањето на својот зглоб и не е вистина дека побарал од Манчестер Јунајтед да си оди.

– Неговиот агент ми кажа дека секако Дони не е среќен што не игра, започна само два натпревари и тоа не е нешто што се надевал кога стингал во клубот. Но Дони не е загрижен, јасно е дека сака да игра на секој натпревар, но не е загрижен за тоа. Воопшто не паничи. Му кажал на својот агент дека е среќен во Манчестер Јунајтед затоа што тоа е еден од најдобрите клубови кога се работи за тоа како се однесуваат кон него, се чувствува сакано таму, -изјави Де Бур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни