Поврзете се со нас

Свет

Се јави тимот кој ќе тргне по Меси во 2023 година: Целта ни е да ги ангажираме најдобрите

Објавено

на

Лионел Меси ја започна и втората сезона како член на тимот на ПСЖ, а уште сега се појавија информации дека тој би можел да го напушти Париз по крајот на оваа сезона.

Аргентинецот има валиден договор со парижаните до 2023 година, па како слободен агент би можел да ја промени средината наредната година.

Веќе се јави првиот тим кој веројатно ќе тргне по услугите на Меси доколку тој не го продолжи договорот со францускиот шампион.

Станува збор за тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами од каде истакнаа дека нивната цел е да ги ангажираат најдобрите фудбалери, а Меси е далеку најдобар од сите.

– За да станеме препознатливо лице на американскиот фудбал, потребно ни е тоа да го покажеме на терен така што би имале врвни играчи.

– Лео Меси не може да се спореди со ниту еден друг фудбалер. Наша цел е да ги ангажираме најдобрите, а Меси е пред сите. Дали е реално да дојде кај нас? Се зависи од тоа што тој сака, -изјави Ксавиер Асенси, еден од директорите на Интер Мајами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни