Поврзете се со нас

Англија

Салах го „јавна“ својот чувар и асистираше до Жота, Ливерпул го преслуша Саутемптон (Видео)

Објавено

на

Ливерпул запиша нова планирана победа во Премиер лигата, бидејќи без никакви проблеми го совлада Саутемптон на домашниот „Енфилд Роуд“ во натпревар на кој сите четири гола завршија во мрежата на гостите.

Диего Жота ги постигна првите два гола за уверливо водство уште по 32 минути, а големо внимание привлече оној вториот поради мајсторијата која ја изведе Мохамед Салах.

Египќанецот креираше извонредна шанса за својот тим, а притоа успеа да асистира и да го проигра соиграчот откако претходно го „јавна“ чуварот.

Салах заврши на грбот на Лианко и направи Жота да има најлесна задача во светот за водство од 2:0, по што следеше нов гол и од Тиаго Алкантара пред крајот на првиот дел.

Погодокот на Шпанецот беше навистина одличен, а во второто полувреме, убав волеј зафати и Вирџил Ван Дајк кој ги постави конечните 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни