Поврзете се со нас

Англија

Рангник откри уште лоши вести во врска со Погба: Колку што јас знам, ќе треба…

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник даде коментар за состојбата на Пол Погба во англискиот клуб.

Французинот долго време е надвор од терените поради повреда, а привремениот стратег на Јунајтед потврди дека Погба уште четири до пет недели нема да се врати на тренинзите на клубот.

Тоа значи дека играчот од средниот ред ќе може да настапува за „ѓаволите“ за нешто повеќе од еден месец.

– Колку што знам ќе му бидат потребни уште четири до пет недели за да се врати на тренинг. Го видов утрово пред тренинг сесијата, беше во соблекувалната и се надевам дека ќе биде назад со нас што е можно побргу.

– Во моментов тој не е дел од тренинг групата иако беше назад во Манчестер. Едно е да си подготвен за тренинг, друго е да си подготвен за натпревар од Премиер лигата или Лигата на шампионите, што ќе биде потребно повеќе време додека тој се врати, -изјави Рангни.

Досега Пол Погба пропушти 11 натпревари на Манчестер Јунајтед поради повреда, а отсутен е од терените од месец октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни