Поврзете се со нас

Македонија

Работнички сигурен против Куманово, Гостивар ја прекина негативната серија

Објавено

на

Работнички го победи Куманово со убедливи 97:81, додека Гостивар на домашен терен ја прекина лошата серија во дуелот со Кожув (97:68), во последните натпревари од денешната програма во македонското кошаркарско првенство.

Гостивар ја прекина серијата од три порази со сигурен настап против Кожув, а победникот беше решен во третиот период кој домаќините го добија со 33:17.

Тодоровиќ со 28 и Ворку со 16 поени биле најефикасни кај победникот, додека Симоновски со 16 поени ги предводел реализаторите во редовите на гостите од Гевгелија.

Убедлива победа оствари и Работнички против Куманово, во слична ситуација во која домашниот состав издоминира по паузата на полувреме.

Мустафица со 24 и Пол со 23 поени биле предводници на теренот кај Работнички, кој засега е на третото место на табелата.

Претходно, Еуро Никел оствари преубедлива победа над Ангели (46:101), додека вториот тим на МЗТ Скопје загуби од Феникс со 69:71.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни