Поврзете се со нас

Македонија

Работнички лесно го совлада Кожув, Феникс го шокираше Гостивар

Објавено

на

Работнички се дистаница од опасната зона на табелата и ја запиша втората победа во второто коло во кошаркарскиот плеј-аут, откако денеска славеше на домашен терен против Кожув.

„Центарци“ ја диктираа играта и предводени од Балмазовиќ стигнаа до сигурен триумф од 81:70, па сега му избега на Куманово и има само три бода помалку од ФМП Академија која е прва во плејаутот.

Балмазовиќ беше херој со 26 поени и 7 скокови, Какруки го следеше со 14 поени, а Едвин го заврши мечот со дабл-дабл учинок од 12 поени и 10 асистенции.

Во поразениот тим од Гевгелија, Декардо Деј постигна 22 поени, а двоцирени беа Главчев со 14 и Оконкво со 12 поени зад своето име.

На единствениот меч кој се одигра во Суперлигата, Феникс направи огромно изненадување и ја запиша првата победа во историјата на разигрувањето, славејќи во Гостивар со 66:69 по продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни