Поврзете се со нас

Италија

ПСЖ има трансфер приоритет, а тоа е фудбалер на Милан

Објавено

на

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, веќе знае кои фудбалери ќе бидат „атакувани“ во новиот преоден рок, а приоритет на Бразилецот ќе биде играч на Милан.

Францускиот првак има потреба од нови играчи во средниот ред, а Исмаел Бенасер е тип на фудбалер кој стручниот штаб на ПСЖ инсистира да го добие уште ова лето.

Алжирецот ја игра првата сезона во Италија, каде веднаш го потврди својот потенцијал, па прашање е дали Милан ќе се согласи да му дозволи да замине експресно во друг клуб.

Италијанците платија само 15 милиони евра за Бенасер, но сега неговата цена е многу повисока и Милан ќе бара двојно повеќе од ПСЖ за овој трансфер.

Фудбалерот може да замине со активирање на откупна клаузула дури од следното лето, а во тој случај заинтересираниот клуб ќе треба да плати 50 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни