Поврзете се со нас

Балкан

Просинечки за најдобриот соиграч: Играв и со Роналдо, но имаше само еден генијалец

Објавено

на

Поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец, Роберт Просинечки, деновиве реализирал интервју за хрватски „Индекс“, во кое зборувал на повеќе теми.

Една од поинтереснитe e таа поврзана со големиот број квалитетни соиграчи со кои популарниот „Жути“ можеше да настапува низ кариерата, имајќи предвид дека беше дел од силни генерации во Црвена Звезда, Барселона, Севилја и Реал Мадрид.

– Ако мене ме прашувате кој ме направил подобар фудбалер, тогаш мора да зборувам за Црвена Звезда.

– Тешко дека на овие простори некогаш ќе се повтори таква генерација, а јас мора да го споменам Дејан Савиќевиќ.

– Мислам дека тој е еден од најголемите генијалци кои сум ги сретнал во кариерата, а во неа играв и со Роналдо и многу други големи фудбалери. Дејо беше гениј, беше сосема поинаков од сите други и сам ги решаваше натпреварите како што сакаше. Имавме одлична генерација, која потоа направи трансфери во големи клубови, – изјавил Просинечки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни