Поврзете се со нас

Франција

Проблем за Абидал: Сопругата му поднела развод откако неговото име се појави во врска со нападот на фудбалерката на ПСЖ

Објавено

на

Ерик Абидал се соочува со нов проблем откако неговата сопруга и официјално поднела документи за развод кога слушнала дека името на нејзиниот сопруг се поврзува со инцидентот кој ја потресе Франција пред неколку денови.

Полицијата во Франција открила дека нападнатата фудбалерка на ПСЖ, Кјера Хамрауи користела сим картичка регистрирана на Ерик Абидал дента кога бил извршен нападот од нејзината соиграчка, Амината Диало.

Абидал бил викнат во полиција да просведочи за целиот овој настан, а сега откако неговата сопруга преку медиумите дознала дека тој веројатно имал врска со Хамрауи веднаш поднела барање за развод.

Според медиумите во Франција тој на крај и признал на својата сопруга дека имал афера со Хамрауи по што таа го контактирала нејзиниот адвокат, кој пак излезе со кратко соопштение во јавноста.

– Хајет Абидал ќе поднесе документ со барање за развод во судот во Барселона, -кратко напишал адвокатот на госпоѓа Абидал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни