Поврзете се со нас

Шпанија

Познат лекар тврди: Уште една операција и кариерата на Азар ќе биде готова

Објавено

на

Еден Азар не може да крене глава од проблемите со повредите кои го следат во таборот на Реал Мадрид.

Белгискиот интернационалец заработи нова повреда пред натпреварот со Аталанта во Лигата на шампионите, само неколку денови по неговото враќање по подолгото отсуство исто поради повреда.

Азар по трет пат го повреди истиот зглоб, а серијата повреди и на други делови од телото продолжува, па така тој се уште не може да се наметне во таборот на Реал Мадрид.

Многумина сметаат дека Азар треба да оди на нова операција за да го поправи повредениот зглоб, но познатиот лекар, Жозе Гонзалез му сугерира да не го прави тоа затоа што тоа би значело и крај на неговата кариера.

– Третата операција на неговиот зглоб е многу ризична затоа што постои можност после тоа повеќе да не може да игра фудбал. Без операција ќе може да тренира за неколку месеци, но не и да игра. Од искуство ќе ви кажам дека Азар оваа сезона нема да се врати во Реал Мадрид.

– Не треба да се враќа на терен додека не биде 100% подготвен. Кога играчот се враќа по долго отсуство во кое не тренирал, секако дека повторно ќе се повреди,- изјави Гонзалез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни