Поврзете се со нас

Франција

Последна вест од Париз: ПСЖ ја одреди цената за Мбапе, на потег е Флорентино

Објавено

на

Бразилецот Леонардо вчера дополнително ја распламна трансфер сагата наречена „Килијан Мбапе“, откако главниот оперативец на ПСЖ призна дека младата ѕвезда посакува заминување во Реал Мадрид, но не пропушти и да го искритикува „кралскиот клуб“.

Леонардо обвини дека Реал некоректно се однесува во изминатите две години и е во постојан контакт со играчот без притоа да преговара со ПСЖ, па откако првата понуда вредна 160 милиони евра и дефинитивно била одбиена, луѓето од Париз чекаат нов напад од „кралевите“.

Флорентино Перез е навистина загреан за францускиот репрезентативец и подготвен е да издвои цело богатство на неполна година пред истекот на неговиот договор, а последната информација која пристигнува од Париз е поврзана за сумата која сигурно ќе ги натера водечките луѓе на ПСЖ да му ја отворат вратата на својот фудбалер.

Во 2017-та година, ПСЖ исплати 180 милиони евра во касата на Монако и ќе мора да врати 35 милиони евра на клубот од „кнежевството“ доколку до крајот на летниот преоден рок го продаде Мбапе, па поради тоа, веќе е одредена реалната цена за која ќе се согласат на трансфер.

Угледниот париски весник „Ле Паризен“ потенцира дека шеиците од Катар, Ал Келаифи и Леонардо ја одредиле пазарната вредност на Мбапе на 220 милиони евра, па сега на потег е Флорентино Перез како главен претставник на најтрофејниот клуб во Европа.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни