Поврзете се со нас

Свет

Поранешен холандски репрезентативец доби шестгодишна затворска казна: Прошверцувал еден тон кокаин!

Објавено

на

Foto:instagram.com/fcsm_official

Квинси Промес некогаш важеше за голем фудбалски талент и стигна да го носи најважниот дрес на Холандија, но изминативе четири години најчесто е во центарот на вниманието поради скандалите од кои беше дел.

Промес доби едно-иполгодишна затворска казна откако го прободе со нож својот братучед во 2020-та година, а иако оваа пресуда беше донесена минатата година, до ден денес, Квинси нема одлежано ниту еден ден.

На овие 18 месеци, холандскиот суд од Амстердам сега придодаде уште шестгодишна завторска казна, сето тоа откако било утврдено дека искусниот напаѓач бил дел од нелегална трговија на дрога.

Промес учествувал во две пратки преку кои се прошверцувале 1300 килограми кокаин, па иако фудбалерот првично ги негираше обвиненијата, сега му била донесена пресуда во негово отсуство.

Доказите покажале дека Промес учествувал во шверцот на недозволени супстанци и имал свој удел дрогата да заврши од Холандија во Белгија (Антверп), па 32-годишниот напаѓач сега треба да одлежи две затворски казни во својата земја.

Поранешниот играч на Ајакс и Севилја во моментов игра за Спартак Москва, а престојот во Русија му гарантира слобода и покрај сериозните обвиненија, бидејќи оваа земја нема договор за екстрадиција со Холандија.

Според информациите на холандските медиуми, Квинси се чувствува максимално мирно и сигурно во Русија и не планира да ја напушти оваа земја, што во превод значи дека може да не одлежи ниту еден ден од вкупната 7,5-годишна казна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни