Поврзете се со нас

Франција

Покетино со коментар за шпекулациите дека Мбапе навивал за негово заминување

Објавено

на

Маурисио Покетино го прекина молкот и во првото големо интервју по отказот од ПСЖ, зборувал за многу детали поврзани со францускиот клуб.

Покетино беше заменет со Кристоф Галтие и тоа неколку недели откако стана јасно дека Килијан Мбапе останува во Париз, а медиумите шпекулираа дека еден од условите на ѕвездата бил екипата да добие нов тренер.

– Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот и мислам дека ПСЖ го убеди да остане бидејќи има ресурси за такво нешто.

– Сепак, не мислам дека Мбапе го осмислил новиот проект на клубот, ниту влијаел на моето заминување.

– Тие кои одлучуваат, во случајов претседателот, одлучиле дека оваа одлука е најдобра за клубот, – изјавил Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни