Поврзете се со нас

Франција

Покетино: Меси е далеку од својата најдобра форма

Објавено

на

Пари Сен Жермен славеше над Ремс со 2-0 во вчерашниот меч во Лига 1, меч во кој своето деби во дресот на „светците“ го имаше Лионел Меси.

Аргентинецот доби шанса во второто полувреме на местото на Нејмар, меѓутоа премногу не се истакна и реално немаше потреба за тоа затоа што ПСЖ веќе водеше со 2-0, па само ритински беше одработена задачата до самиот крај.

Тренерот Маурисио Покетино е свесен дека на Меси му се потребни минути, натпревари за да влезе во ритам и очекува во иднина да дојде до својата најдобра форма.

-Меси се уште е далеку од најдобрата форма, но тренираше добро и за две недели ќе биде на потребното ниво. Го чекаме најдоброто од Меси. Многу сум среќен што дебитираше, ова беше многу важно за него. Тој беше добар, од првиот контакт со топката, му даде мир на тимот. Добро е што започна со победа, -рече Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни