Поврзете се со нас

Светски првенства

Поцеко режираше циркус откако доби исклучување, Италија шокирана од Доминикана (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Italbasket

Стартот на втората рунда во групната фаза ни ја донесе и првата голема сензација на Мундобаскетот, бидејќи Италија денеска беше шокирана од Доминиканска Република во меч во кој шоуто го украде Џанмарко Поцеко.

Италијанците непотребно сами си ја закомплицираа работата и се бунеа на доста судиски одлуки во ситуација кога имаа предност, а најдебелиот крај го извлече Поцеко кој беше исклучен после втората техничка грешка.

Темпераментниот Поцеко не го дочека крајот на првото полувреме и беше испратен во соблекувалната, но пред да го направи тоа, режираше и циркус карактеристичен за него.

Италијанецот во прв момент ја смири нервозата и отиде да се поздрави со претставниците на Доминикана, но потоа ги чекаше судиите во подтрибинскиот простор и сакаше да влезе во вербална расправија со нив. Неговите помошници и обезбедувањето на ФИБА не дозволија такво нешто, но ова подоцна се покажа како почеток на пресврт на натпреварот.

Доминикана го сврте мечот во своја полза и направи пресврт, а откако го доби третиот период со 31:17, во последната четврина го одржуваше водството и на крајот победи со 87:82.

Видеото од тунелот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни