Поврзете се со нас

Шпанија

Пике го навлекува гневот на навивачите на Барселона: Како стоперот се загреваше против Вилјареал (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона го победи Вилјареал со 3-0 во меч во кој централна фигура беше Роберт Левандовски кој даде два атрактивни погодоци.

Меѓутоа освен по победата натпреварот на „Камп Ноу“ ќе остане запаметен и по свирежите кон Жерард Пике кој влезе во игра во 78 минута. Стоперот беше исвиркан од добар дел од навивачите, потег кој дефинитивно не му се допадна на тренерот Чави Ернандес кој смета дека клубот како и фановите мора да останат обединети ако сакаат да се остварат зацртаните цели.

Чави со искрена реакција за невкусното понижување кое го доби Пике на „Камп Ноу“ (Видео)

Ама Пике веќе почнува да им оди на нерви на навивачите иако е легенда на клубот, па така освен тоа што неговите изданија не се на посакуваното ниво тој понекогаш знае да претера со некои потези, однесување како што беше против „жолтата подморница“.

Тој беше испратен да се загрева, а како изгледа неговото загревање крај теренот најдобро говори следново видео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни