Поврзете се со нас

Свет

Пешевски и Кузмановски поразени во Бундеслигата

Објавено

на

Македонските репрезентативци, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски доживеаа порази со своите Штутгарт и Хановер во 22. рунда од елитната германска конкуренција.

Кружниот напаѓач и Штутгарт беа надиграни од Есен со 27-20 (14-9) и тоа во средба во која домаќините беа подобри во двете полувремиња. Пешевски беше автор на два гола од три удари, Игнатов и Бејер пак со по шест голови беа најефикасни на пресметката.

Хановер на Кузмановски беше совладан од Гепинген со 31-24, а бекот беше стрелец на еден гол од толку обиди.

Следен предизвик за Жаре и колегите е Магдебург, Филип со другарите пак ќе излезе на мегдан со Лудвигсхафен за кого настапува голманот Мартин Томовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни