Поврзете се со нас

Англија

Парлоу: Само двајца играчи на Ливерпул би имале место во стартната постава на Арсенал

Објавено

на

Foto:instagram.com/realromfordpele

Реј Парлоу најубавите моменти од играчката кариера му ги посвети на Арсенал и поради неизмерната борба и пожртвуваност беше миленик меѓу фановите на клубот, кои после речиси две децении, се повеќе веруваат дека нивниот тим може да стигне до титулата во Премиер лигата.

Оваа недела се игра големото дерби на „Енфилд Роуд“ и Арсенал ќе направи крупен чекор кон трофејот доколку успее да слави кај Ливерпул, а во најавата за овој дуел, легендарниот играч за врска посочи дека само двајца фудбалери на Ливерпул би биле стартери во актуелниот тим на Артета.

Парлоу смета дека играчите на Микел Артета се во многу подобра форма оваа сезона, поради што ги гледа само Вирџил Ван Дајк и Мо Салах како кадарни да се најдат во почетните 11.

– Гледајќи ја актуелната форма на играчите, сите треба да бидат од Арсенал, освоен Вирџил Ван Дајк и Мо Салах. Знам дека Вирџил не е во најпосакуван ритам оваа сезона, но секако би му правел друштво на Габриел кога Салиба е повреден. Букајо Сака и Габриел Мартинели сигурно не можат да се изостават, па Салах би го ставил пред Жезус кој се врати од повреда.

– Сите останати се од Арсенал, дури и таму каде Ливерпул беше посилен. Рамздејл би го ставил на голот, Бен Вајт на десната бековска позиција пред Арнолд, а Зинченко пред Робертсон на левата страна. Го обожавам Робертсон, но Зинченко е еден од најдобрите играчи на Арсенал оваа сезона, – потенцира Парлоу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни