Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Парехо: Тренерот на Баерн покажа непочитување кон Вилјареал и кон фудбалот

Објавено

на

Дани Парехо е еден од хероите на Вилјареал во новото историско патешествие во Европа, бидејќи тимот кој минатата година славеше во Лига Европа, сега ќе игра во полуфиналето во Лигата на шампионите.

„Жолтата подморница“ играше против традицијата и против сите букмејкери во четвртфиналната пресметка против Баерн Минхен, но откако победи во Шпанија со 1:0, успеа да го преживее „пеколот“ наречен Алијанц арена и со гол во самата завршница избегна продолженија и се пласираше меѓу четирите најдобри во Европа.

Фудбалерите во жолто на големо го прославија огромниот успех и елиминацијата на еден од главните фаворити за трофејот во најелитното натпреварување, но по ремито и пласманот во полуфиналето, Дани Парехо не заборави една изјава на Јулијан Нагелсман набрзо по ждрепката за четвртфиналето.

– Кога се извлече ждрепката, Вилјареал се падна на Баерн и се сеќавам дека нивниот тренер кој не го познавам лично, покажа огромно непочитување кон Вилјареал и фудбалот.

– Кажа дека сака да го реши четвртфиналето на првиот натпревар од двомечот. За нас тоа беше знак на непочитување и испадна како што испадна. Кога плукате, некогаш може сами да се лизнете и да паднете, – изјави Парехо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни