Поврзете се со нас

Свет

Ончев и Лазаревски искомбинираа седум голови против Шмартно

Објавено

на

Македонската ракометна комбинација, Тоше Ончев и Милан Лазаревски искомбинираа седум голови во пресметката против Шмартно во првата лига на Словенија.

Ончев беше автор на пет, додека Лазаревски даде два гола, меѓутоа овој учинок на Македонците не беше доволен за Тримо Требње кој освои само бод на ова гостување (28-28).

Ова дефинитивно не беше резултат кој избраниците на Урош Зорман го поскауваа со оглед на тоа што беа огромни фаворити против последниот тим на прволигашката табела.

За Тримо Требње ова беше трето сезонско реми, вкупно 29 бод со кој е на второто место зад Целје со 33 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни