Поврзете се со нас

Италија

Онана постигна погодок во манир на напаѓач и истрола соиграч од Интер: Последен пат те учам како се дава гол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Андре Онана имаше неверојатна сезона во Интер и го сврте вниманието на себе со своите изданија во Италија и Европа, партии со кои дефинитивно го закова за клупа искусниот Самир Хандановиќ.

Камерунецот посебно импонира со својата смиреност и квалитетот да ја контролира топката, вештина поради која беше посочен и како главен иницијатор на акции на Интер од одбраната.

Поради сезоната во Интер, Онана веќе е „барана роба“ на трансфер пазарот и се поврзува со неколку клубови, но пред да дојде до било каква разрешница, голманот ужива на летен одмор.

Онана е во друштво на своите најблиски по напорната сезона, а дури и во моменти кога одмора, наоѓа време да одигра фудбал со своите пријатели.

Едно видео на социјалните мрежи ни открива дека Онана знае да игра и како напаѓач, па мирната завршница и голот го искористи за да го истрола својот соиграч Дензел Думфрис.

– Думфрис, ова е последен пат да те учам како се дава гол……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни