Поврзете се со нас

Европски купови

Одличниот Митев во игра за играч на колото во Европската лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Екипата на Алкалоид не успеа да направи изненадување во пресметката со Бјерингбро-Силкеборг во Европската лига на ЕХФ. но и во овој пораз од 35:31 можат да се најдат позитивни работи, а едно од нив е изданието на Марко Митев.

Македонскиот репрезентативец одигра фантастичен меч, одигра без грешка и со девет од девет го привлече вниманието на европската ракометна јавност и е во игра за играч на колото.

Имено Митев е во најтесниот круг заедно со поранешниот голман на Вардар и актуелен член на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, потоа тука е Натат Суарез од Спортинг и Лука Мославац од редовите на хрватскиот претставник Нексе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни