Поврзете се со нас

Репрезентација

Николов пред Лихтенштајн: Потребна ни е победа за поголема самодоверба

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија на 8 октомври ќе гостува на Лихтенштајн со намера дека ќе ја забележи првата победа под водство на новиот селектор, Благоја Милевски.

Нашите фудбалери се фаворити на оваа средба, но според изјавите влегуваат максимално претпазливо на натпреварот.

Фудбалерот на Шериф Тираспол, Бобан Николов посочи дека репрезентацијата на Македонија е поквалитетна од противничката, но дека тоа треба да се покаже на терен и да се извојува победа со што ќе се подигне самодовербата во националниот табор.

Ни треба дисциплина и агресија. Максимален пристап. Треба да пристапиме на натпреварот со Лихтенштајн како да играме против Германија. Ни треба целосен фокус. Поквалитетни сме од нив, но треба да го покажеме тоа на терен.

– Ни недостасува победа за поголема самодоверба во оваа репрезентација. Секој селектор си има свои идеи, ние добро го знаеме Благоја милевски, има свои стил на работа, секогаш оди до крај, имамвме добри три натпревари ни се надевам дека сега ќе ја крунисаме добрата игра со победа, -заврши Николов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни