Поврзете се со нас

Италија

Незадоволен фудбалер на Интер најавил заминување во јануари

Објавено

на

Интер им се врати на победите во домашното првенство и останува во битката за скудетото, но тренерот Симоне Инѕаги мора да решава и одредени проблеми во составот.

Еден од нив е незадоволството на Робин Госенс, кој ќе бара да замине во јануари, пренесува германскиот новинар Флоријан Плетенберг.

Германецот веќе му соопштил на раководството дека ако неговиот статус не се промени наредниве два месеца, дефинитивно ќе замине од редовите на италијанскиот состав.

Главен фаворит за потписот на Госенс е Баер Леверкузен, клубот кој сакаше да го доведе фудбалерот уште во летниот преоден рок.

Госенс има вкупно 13 настапи за Интер и постигна важен гол на дуелот со Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни