Поврзете се со нас

Англија

Не цутат рози во Манчестер Јунајтед, дури 11 фудбалери сакале да си заминат од клубот

Објавено

на

Во таборот на Манчестер Јунајтед воопшто не цутат рози, па ни доаѓањето на Ралф Рангник не ги подобри состојбите во клубот.

Манчестер Јунајтед се уште е далеку од четвртата позиција на табелата, а и самите фудбалери не биле најзадоволни од односот кој го добиле од новиот тренер.

Според „Мирор“ дури 11 фудбалери биле незадоволни и преку своите агенти ќе барале заминување од клубот уште во јануарскиот преоден рок.

Фудбалерите биле незадоволни затоа што иако им била ветена минутажа од Рангник, тие го добиле истиот третман кој го имале под водство на Солскјер, па сега конечно побарале да си одат.

Весникот не ги пренесе точно имињата на фудбалерите кои ќе притискаат за заминување од клубот, но веќе може да се насети за кого станува збор.

Меѓу тие 11 играчи сигурно е Антони Марсијал кој веќе јавно искажа дека сака да си оди, а во јавноста се споменуваат и имиата на Дин Хендерсон, Дони ван Де Бек и Џеси Лингард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни