Поврзете се со нас

Балкан

Најтрофејниот европски тренер се врати дома: Партизан го обезбеди потписот на Обрадовиќ!

Објавено

на

Еден од најдобрите европски тренери на сите времиња, Жељко Обрадовиќ од нареднава сезона ќе го гледаме на клупата на Партизан.

Тоа е големата кошаркарска бомба која изминативе денови беше најавувана за да сега стигне и официјална потврда дека Обрадовиќ по скоро три децении се враќа во Партизан и тоа со договор на три години.

-Среќни сме и задоволни што Жељко Обрадовиќ се врати. Мислам дека секој збор е излишен и во исто време не е доволно силен за да опише што значи неговото враќање за Партизан. За повеќе детали ќе зборуваме на прес-конференцијата. Имаме голема работа пред нас, -истакна претседателот на „црно-белите“, Остоја Мијаиловиќ.

Обрадовиќ освои се што можеше во досегашната кариерата, а меѓу успесите секако е и европската титула со Партизан во 1992 година.

Инаку претходниот ангажман на Жељко беше во Фенербахче, додека во кариерата има работено во Хувентуд, Реал Мадрид, Панатинаикос и Бенетон Тревизо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни