Поврзете се со нас

Свет

Мурињо се отвори: Дадов срце, поради Рома одбив да бидам…

Објавено

на

Жозе Мурињо веќе одреден период е без ангажман и тоа откако калчолигашот Рома одлучи да му се заблагодари за неговите услуги.

„Волчицата“ неочекувано реши да се раздели со трофејниот стратег на кого дефинитивно му беше потребно време да се помири со таа одлука на клубот, клубот поради кој одбиваше многу важни, богати понуди на негова адреса.

-Тоа беше одлука на раководството. Тоа мора да го почитувате и нема дискусија. Верувам дека навивачите се срцето на тимот, срцето на тимот, но кога управата ќе одлучи нешто, тоа мора да се почитува. Можам да кажам дека ова е нешто што ме повреди повеќе од другите заминувања, бидејќи дадов се, дадов срце. Одбив некои големи понуди да останам, одбив да бидам селектор на Португалија. Одбив и клубови од Саудиска Арабија, имав големи понуди и тоа не го кријам. Бев повреден по заминувањето од Рома бидејќи чувствував дека им дадов многу радост на навивачите. Ова е првпат да се чувствувам поинаку откако го напуштив клубот, -откри Жозе во разговорот со Рио Фердинанд.

-Ја одбив англиската репрезентација во 2007 година, можев да бидам селектор на вашата репрезентација. Имав понуда на маса, но ја одбив, -додаде „специјалниот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни