Поврзете се со нас

Италија

Милионите тропаат на врата: Спалети има луда понуда за да експресно му се врати на фудбалот

Објавено

на

Лучијано Спалети му донесе историски успех на Наполи, прва лигашка титула по пауза од 33 години да за потоа неочекувано реши да ја напушти тренерската функција.

Медиумите пишуваа дека Спалети имал некој недоразбирања со претседателот Аурелио Де Лаурентис, недоразбирања кои не можеше да бидат надмината по што дојде до разделба. Италијанскиот стратег порача дека ќе земе одмор и една години ќе биде надвор од фудбалот, нема да прифати никаква понуда, ама останува да видиме дали ќе си остане на зборот затоа што на неговата врата тропаат многу пари и тоа од Саудиска Арабија.

„Тутомеркато“ пренесува дека неименуван клуб (најверојатно е Ал-Хилал) е подготвен да му даде на Лучијано плата од скоро 20 милиони евра за да ја прифати понудата.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на досегашниот тренер на Елиф Елмас кој веќе има работено надвор од Италија и тоа во Зенит.

Инаку Ал Хилал е клубот кој беше одбиен од Макс Алегри, па медиумите сметаат дека истиот сега притиска за 64 годишниот стратег од Тоскана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни