Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски ги собра репрезентативците и веднаш одржа тренинг (Фото)

Објавено

на

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го одржа првиот тренинг со фудбалерите кои се собраа во Скопје по завршувањето на нивните клупски обврски.

Играчите традиционално како и на претходните собири тренираа на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

За прв пат во репрезентативниот табор се појави Ердал Ракип од Малме кој ќе го има своето деби за Македонија на натпреварите против Лихтенштајн и Германија.

Во отсуство на Енис Барди, Ракип треба да биде опција плус за средниот ред на Боби Милевски кој се соочува и со дополнителни проблеми со играчи кои или не се подготвени или се штотуку опоравени од повреда.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни