Поврзете се со нас

Италија

Милан тргна по супербрзиот „ѕвер“ од Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Милан го продаде Сандро Тонали во Њукасл и во најскоро можно време се очекува да добие огромни финансиски средства за ослободувањето на италијанскиот репрезентативец, што треба сериозно да влијае врз буџетот за носење на нови фудбалери.

Интересно, „росонерите“ во овој момент најмногу се фокусирани на играчи од Премиер лигата и веќе е договорен Лофтус Чик од Челси, но клубот од „Сан Сиро“ размислува и на една доста поевтина опција како добра алтернатива во нападот.

Италијанските медиуми информираат дека директорите на Милан тргнале по супербрзиот „ѕвер“ од Премиер лигата, кој пред една година настапуваше и за првиот тим на Барселона.

Адама Траоре е еден од најбрзите и најмоќни играчи во англискиот фудбал, но за два дена станува слободен агент откако Вулверхемптон поради финансиската криза ќе го ослободи од листата на платите.

Траоре нема да добие нов договор од „волците“, а Милан веќе стапил во контакт со него и угледниот новинар Ди Марцио тврди дека е на добар пат да го договори како слободен фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни