Поврзете се со нас

Англија

Мегваер: Солскјер ја плати цената…..

Објавено

на

Хари Мегваер направи голема глупост на натпрвеарот против Ватфорд и истиот се покажа како последен за Оле Гунар Солскјер како менаџер на Манчестер Јунајтед, а во пресрет на дуелот со Вилјареал во Лигата на шампионите, капитенот на „ѓаволите“ за првпат отворено проговори за заминувањето на тренерот.

Мегваер игра во ужасна форма од стартот на сезоната и ги остави соиграчите на цедило со црвениот картон кој го заработи против Ватфорд, со што дефинитивно кумуваше за болниот и тежок пораз од 4:1 кој стави крај на кариера на Оле како менаџер на театарот на соништата.

Солскјер на најџентлменски можен начин се раздели со клубот и не правеше никакви проблеми, а Мегваер презема одговорност за заминувањето на менаџерот и го побара истото и од соиграчите.

– На крајот, Солскјер ја плати цената за нашите лоши резултат и многу сме разочарни од неговото заминување од клубот. Ние мора да преземеме огромна одговорност како играчи кои ја извршуваме најважната работа на теренот. Не бевме доволно добри, индивидуално и колективно. Го знаеме тоа и зборувавме сериозно за тоа по она што ни се случи.

– Играчите се тие кои треба да бидат одговорни во вакви ситуации, на теренот и надвор од него. Ние сме оние кои ја минуваат линијата за влез на теренот. Бевме група, одлична целина со Оле, но во фудбалот има подеми и падови. Ако ги прашате играчите, сигурно ќе ви кажат дека заминувањето на Оле е една од најтешките работи во нивните кариери, – вели Мегваер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни