Поврзете се со нас

Италија

Матераци: Тоа е вистина, му удрив добар ќотек на Балотели…(ВИДЕО)

Објавено

на

Марко Матераци засекогаш ќе остане во срцата на навивачите на Интер, клуб во кој мина десет години од кариерата, клуб во кој со своите партии, пожртвувана игра во која постојано даваше 100 проценти го заслужи статусот на легенда.

Во тој период тој имаше простор да соработува со доста играчи, а еден од нив беше и Марио Балотели со кого и до ден денеска е во добар однос. Меѓутоа имало и ситуации во кои Марко и Марио имале што да се порачаат еден на друг, па дефанзивецот открива дека дури и му удрил ќотек на напаѓачот по неговиот потег, однесување по средбата со Барселона во 2010 година.

-Му дадов добар ќотек, тоа е вистина е. Го сакам Марио, но тоа навистина го заслужи тој ден. Сега повторно сме пријатели, практично браќа, но тој тој ден направи нешто што навистина не требаше да го направи. Го фрли дресот на земја по последниот судиски свиреж што и не беше најлошото.

-Пред натпреварот, во тимскиот автобус ни рече: „Денес ќе играм лошо“, па му ветив дека ќе го натерам да плати ако го направи тоа. Кога влезе од клупата, се обиде да шутира од половина терен наместо да оди во контра. Диего Милито сакаше да го убие.

-Верувавме во Марио, тој постигна многу голови и придонесе за триумфот, но една недела потоа го го замолив (Жозе) Мурињо да ме стави против Балотели на натпреварите на тренингот, -обелодени некогашниот италијански репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни