Поврзете се со нас

Свет

Мартинез за потегот на Меси: Тој можеше да си замине…

Објавено

на

foto:twitter.com/Argentina

Аргентина ја забележа и втората победа во квалификациите за Светското првенство, победа на незгодното гостување кај Боливија од 3-0.

Аргентинците го одиграа овој дуел во Ла Паз без капитенот Лионел Меси кој не беше подготвен, односно повредата од претходната средба со Екварод го спречи да биде активен.

Меѓутоа тој остана со националниот тим, беше на клупата за резерви и тоа многу му значи на тимот, групата и доказ за тоа се зборовите на првиот голман Емилијано Мартинез.

-Постои глад. Тоа е истиот капитен што можеше да си замине дома, но тој не придружуваше. Тоа не прави горди што тој продолжува да чувствува, продолжува да не сака и да не придружува во таа смисла. Горд сум што стојам зад овие момчиња, -истакна Еми кој е задоволен од публиката во Боливија.

-Нормално, не ме сакаат многу надвор од Аргентина. Ама боливискиот народ ме изненади што го скандираше моето име и јас многу ја почитувам оваа земја, -рече голманот на Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни