Поврзете се со нас

Свет

Мајсторски лоб погодок на Миовски за победа на Абердин (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Абердин за кого настапува македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски забележа голема победа над Мадервил (2-1) во 12. коло од првата лига на Шкотска.

Гостите потврдија дека се во добар ритам и дојдоа до триумф со кој остануваат на третото место на табелата зад неприкосновените Селтик и Ренџерс кои со години немаат конкуренција.

Миовски беше еден од играчите кој даде придонесе за денешното славје и тоа со атрактивен погодок во 4 минута кога ја искористи топката од Берон и со лоб стрелаше во мрежата на Кели. Оваа ситуација се прегледуваше со ВАР, ама се беше регуларно за 8 лигашки гол на Македонецот кој е на второто место на листата на стрелци зад Чолак од Ренџерс.

Абердин во следната рунда има тешко гостување кај Ренџерс, тим кој денеска направи голем кикс и одигра нерешено со Ливингстон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни