Поврзете се со нас

Македонија

Мајиќ потпиша нов договор со Бутел

Објавено

на

Ракометниот прволигаш Бутел потпиша нов договор со црногоркиот интернационалец Мирко Мајиќ.

Мајиќ веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи, стрелци на Бутел, па на обострано задоволство беше продолжена соработката за наредните две години.

-Одлучив да останам во Бутел Скопје од неколку причини. Од првиот ден во клубот па се до денеска се е испочитувано од страна на раководството. Момците со кои играм се фантастични и едноставно станавме големо семејство, го имаме она заедништво што е потребно за секој колектив. Бутел од година во година покажува квалитет и напредува во секоја смисла, па не гледам причина да не го продолжам мојот престој овде.

-Иако сум странец, се чувствувам како да сум дома бидејќи сите ме прифатија уште од стартот. Драго ми е што сум дел од овој клуб и што ќе му помогнам во остварувањето на амбициите. Да ми кажеше некој дека ќе останам толку долго време во еден ист клуб, немаше да му верувам, но сигурен сум дека сум на вистинското место. Се радувам на новите предизвици и високите амбиции на клубот, -порача Мајиќ кој во Македонија претходно играше во Радовиш и Макс Струмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни