Поврзете се со нас

Европски првенства

Луис Енрике воодушевен од еден шпански репрезентативец: Дали видовте што направи…

Објавено

на

Шпанија може да биде задоволна од игрите и резултатите на ова Европско првенство, на кое иако не беше меѓу големите фаворити, за малку остана без пласман во финалето.

За „фуријата“ е важно што во својот состав има повеќе млади фудбалери, меѓу кои и на дуелот со Италија се истакна Педри.

Фудбалерот на Барселона немаше ниту едно погрешно додавање во првото полувреме, а селекторот Луис Енрике не го криел своето воодушевување од младиот играч за врска.

– Дали видовте каков турнир одигра Педри? Никогаш не сум видел 18-годишно момче да игра на ваков турнир како што одигра Педри, дури ни еден Андрес Иниеста. Ова беше лудо, – изјавил Луис Енрике пред медиумите.

– Наша најважна цел беше да формираме тим со кој ќе се гордее цела нација. Навистина сум горд од она што го прикажавме и начинот на кој се однесуваа фудбалерите, – коментирал Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни