Поврзете се со нас

Шпанија

Лудило во Шпанија: Голманот на Севилја постигна неверојатен гол во 94. минута! (Видео)

Објавено

на

Севилја на нестварен начин успеа да стигне до израмнување на гостувањето на „Хосе Зорилја“, бидејќи голот кој беше постигнат во 94-та минута се гледа еднаш во десетина или дваесет години, а можеби и никогаш.

Валјадолид поведе со голот на Орелјана од пенал и имаше значајна победа во ракав во битката за опстанок до самата завршница, а потоа последниот обид на гостите од Андалузија донесе неверојатна драма.

Корнерот на гостите ни понуди несфатлива ситуација во шеснаесетникот на домашниот тим, бидејќи дури двајца играчи на Валјадолид ја оставија топката мислејќи дека таа ќе излезе во гол-аут.

Наместо тоа, топката удри во дирекот и се одби до играчот на Севилја, а за да биде ситуацијата уште полуда и подраматична, израмнувачкиот гол во 94-та минута го постигна голманот.

Јасине Боно се најде на вистинско место во вистинско време по катастрофалната реакција на домашните играчи, па со голема страст го прослави несекојдневното израмнување во последната секунда од мечот со кој беше затворена саботната програма во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни