Поврзете се со нас

Свет

Левандовски им испрати порака на разочараните Германци: Имајте трпение

Објавено

на

Германија како домаќин на наредното Европско првенство реши да не учествуав во квалификациите, или поточно одлучи формата да ја темпира преку тест натпревари од пријателски карактер.

Селекцијата која ја води Ханси Флик се одлучи за ваков претпазлив пристап со цел што подобра селекција на играчи во мирна атмосфера, но дефинитивно последните резултати не му даваат благосостојба на селекторот.

Германија игра многу лошо во последно време и во петокот загуби од Полска со 1:0, по што голем број играчи од првиот тим не го криеја разочарувањето и фрустрацијата за лошата игра.

Дел од германските медиуми беа доста брутални по поразот од Полјаците во Варшава, но Роберт Левандовски вели дека „панцирите“ не треба да бидат премногу загрижени на една година пред турнирот.

– Германија се уште има многу време до Европското првенство и мора да имате трпение. Германија сигурно ќе игра подобро со овој тим. На натпреварот во Варшава имаа шанси, но не ги искористија во вториот дел. Овој тим на Германија е составен од многу нови млади играчи, но со оглед на квалитетот кој го поседуваат, сите во Германија мора да бидете позитивни, – порачува Левандовски во интервјуто за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни