Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер остана без настап на трката во Монако поради проблеми со болидот

Објавено

на

Шарл Леклер требаше да започне од пол-позицијата на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Монако, но пред самиот почеток на трката доби шокантна информација од својот тим.

Инженерите на Ферари детектираа проблем на болидот, кој не можел да биде решен до почетокот на трката, па Леклер вооошти не се појави на стартот на својата домашна трка во Монте Карло.

Ова е тежок удар за младиот возач на Ферари, кој предизвика контроверзи откако со својот судир ги прекина квалификациите и профитираше од фактот што дотогаш имаше најдобро остварено време.

Проблемот со трансмисијата според првичните информации е причината за отсуството на Леклер од трката, а Ферари денеска ќе брка поени само со Карлос Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни