Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Легенда на Челси го понижи Атлетико како никој претходно: Игравме против второлигаш на натпревар во ЛШ!

Објавено

на

Атлетико Мадрид доби жестоки критики од цела англиска јавност за играта која ја прикажа против Ливерпул минатата натпреварувачка сезона кога го исфрли тимот предводен од Јирген Клоп во осминафиналето, рунда која составот на Чоло Симеоне сега не успеа да ја мине, а како пречка за такво нешто се покажа друг англиски ривал.

Челси комплетно го надигра Атлетико на двете пресметки и со вкупни 3:0 сосема заслужено го завери својот билет меѓу осумте најдобри екипи во Европа, а додека тимот на Томас Тухел ќе биде дел од петочната ждрепка во Лигата на шампионите, Атлетико ќе мора да се насочи само кон она што му остана, односно трката за титулата во шпанската Примера.

Иако бркаше резултат, Атлетико во добар дел од мечот против Челси беше резервиран на „Стемфорд Бриџ“ и изгледаше доста безидејно, а тоа го натера Џо Кол да излезе со брутален заклучок за играта на тимот од шпанската престолнина.

Со оглед на тоа што мина седум години во Лондон и освои многу трофеи, Џо Кол слободно може да се нарече легенда на Челси, а од студиото на „Би-Ти Спорт“, поранешниот англиски репрезентативец го понижи Атлетико како никој друг претходно.

– Ова изгледаше како да играме против тим од Чемпионшип лигата. Изгледаше како Челси да игра против добар тим од втората лига, или некој од тимовите кои се борат за опстанок во Премиер лигата, – порача Џо Кол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни