Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров со капитенска порака по фудбалското чудо: Нема случајности во професионалниот спорт, покажавте…. (Фото)

Објавено

на

Кирил Лазаров како ракометен бесмртник и долгогодишен капитен на македонската ракометна репрезентација беше човекот кој ни ги донесе најголемите радости во овој спорт, но вчера одново дојде ред на фудбалерите кои дефинитивно ја имаат најдобрата генерација од осамостојувањето на Македонија.

По историскиот пласман на Светското првенство, Горан Пандев, Елиф Елмас и сите останати херои вчера на гостински терен ја победија Германија со 1:2, резултат кој не го остави рамнодушен ниту Кирил Лазаров кој пак смета дека нанесениот пораз не е случаен.

Кире вчера го израмни рекордот на Арпад Штербик по бројот на одиграни натпревари во Лигата на шампионите и изби прв на вечната листа, а неколку часа подоцна со искрено срце им честиташе на нашите фудбалери.

– Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај…

Македонскиот спорт станува наш најголем амбасадор во светот, спортистите најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажете дека имате ментална сила, карактер, македонски инат и интелигенција …

Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон нови победи на Македонија, – гласи објавата.

Germanija Makedonija 1-2⚽️
Cestitki do site fudbaleri,selektorot,kapitenot Goran Pandev i site involvirani koi…

Posted by Kiril Lazarov 7 on Среда, 31 март 2021

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни