Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски расположен против Лемго, македонското дерби без победник

Објавено

на

Филип Кузмановски беше расположен за игра во пресметката против Лемго во Бундеслигата, но и неговата одлична партија не беше доволна за Хановер да го сочува домашниот терен и оствари позитивен резултат во рамките на 23.коло.

Лемго подобро се снајде во најважните моменти како во првото така и во второто полувреме, па на крајот се избори за триумф од 31-27. Кузмановски со пет голови од седум обиди беше втор стрелец во својата екипа зад Хансен со седум погодоци, додека најефикасен на паркетот беше Елисон со девет голови.

Македонското дерби пак меѓу Жарко Пешевски и Филип Миркуловски заврши без победник, односно Штутгарт и Вецлар ги поделија бодовите играјќи 26-26. Жарко беше автор на два гола, додека популарниот Жути даде еден гол од единствениот удар што го упати кон домаќините.

Вецлар со 29 бода е на 5. место во Германија, Хановер и Штутгарт се во долниот дел на табелата на 14 и 15 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни