Поврзете се со нас

Свет

Куман не се согласува со Ван Гал: Во Шпанија сум видел како Реал се фаворизира на штета на Барса, но…..

Објавено

на

Изјавата на Луи Ван Гал дадена за Светското првенство во Катар стана доста актуелна поради содржината на истата, па контра ставот на легендарниот стручњак се јавија и многу негови сонародници.

Ван Гал посочи дека коцките биле „наместени“ за Лионел Меси да ја заврши кариерата со освоена светска титула и ја доведе во прашање регуларноста на првенството, реакција со која изнуди доста коментари во јавноста.

Вирџил Ван Дајк како капитен на „лалињата“ не се согласи со оваа теорија на поранешниот селектор, но денеска се јави и човекот кој го наследи Ван Гал на оваа позиција, Роналд Куман.

– Јас никогаш не би кажал такво нешто, но треба да се почитува секое мислење, – изјави Куман за изјавата на Ван Гал, па додаде.

– Да бидам искрен, имаше многу повеќе случаи кога чувствував како Реал Мадрид е фаворизиран на штета на Барселона, но секогаш молчев. Тоа никогаш не може да се докаже и затоа е подобро да молчите, – завршува Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни