Поврзете се со нас

Англија

Крауч по дебаклот на премиерлигашот во Загреб: Кејн и Сон можат да си заминат од Тотенхем

Објавено

на

Екипата на Тотенхем се посрамоти на вчерашниот меч против Динамо во Загреб, односно наместо со уште една рутинска партија да го потврди пласманот во следната фаза во ЛЕ доживеа пораз од 3-0 по продолженијата и со тоа елиминација од второто по ранг европско натпреварување.

Ова дефинитивно е сериозен удат за клубот од северен Лондон, пораз кој може да донесе големи поместувања и за тоа веќе искрено проговори капитенот Иго Лорис. Во едно вакво сценарио верува и Питер Крауч кој смета дека е можно Тотенхем на лето да остане без своите две најголеми ѕвезди, Хари Кејн и Сон Хеунг-мин.

-Кејн е играч за Лигата на шампионите. Тој треба да биде таму со Левандосвки, Халанд, Мбапе. Сега е елиминиран од Динамо Загреб, тоа е загрижувачки, каде е сега со мислите? Не е само менаџерот, тука се и играчите. Сон и Кејн се играчи кои заслужуваат да играат повисоко ниво од Лигата на Европа. Секако дека се верни на Тотенхем и сите се надеваме дека ќе бидат, но вакви мечеви не помагаат, -смета Крауч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни