Поврзете се со нас

Англија

Ковачиќ понуди бесплатен „стриптиз“ по крајот на дербито, реакцијата на Шмајхел е вистински хит (Видео)

Објавено

на

Матео Ковачиќ го започна дербито против Манчестер Јунајтед како резерва, но брзо доби шанса уште во првото полувреме и затвори големи дупки кои ги имаше Челси во средниот ред.

Хрватот одлично си ја заврши работата на теренот, но посебно се најде во фокусот поради бесплатниот „стриптиз“ кој го понуди по последниот судиски свиреж.

Ковачиќ беше навистина дарежлив кон фановите и на себе остана само со своите гаќи, по што неговиот трк до тунелот на „Стемфорд Бриџ“ стана вирален.

Причина за тоа не е само необичната сцена која ја презентираше Матео, туку и реакцијата која ја имаа Питер Шмајхел и новинарката на „Си-Би-Ес“.

Легендарниот Шмајхел имаше урнебесна реакција и го погледна Матео во задник, додека на новинарката и беше малку непријатно и јасно го покажа тоа со својата реакција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни