Поврзете се со нас

Англија

Конте разочаран од случувањата во Тотенхем: Дури сега сфатив која е визијата на клубот!

Објавено

на

Антонио Конте беше донесен во Тотенхем за да го поправи хаосот кој настана под водство на Нуно Еспирито Санто, а иако на италијанскиот стручњак одлично му тргна во Премиер лигата, сега влезе во резултатска криза и трите порази во низа ја раздрмаа самодовербата на играчите, но и оптимизмот на менаџерот.

Поради недостиг на влијателни и силни засилувања, англиските експерти предвидуваат дека Конте ќе си замине од Тотенхем по крајот на оваа сезона, а такво нешто навистина може да се случи ако не се промени нешто драстично во наредните неколку месеци.

Италијанецот си замина од Интер поради тоа што му беше најавено дека нема да му бидат овозможени искусни засилувања кои ќе го подобрат квалитетот на тимот, па поради слична причина, постојат големи шанси брзо да ја заврши својата авантура во Северен Лондон, за што говори и неговото последно интервју.

– Пред да дојдам, ја гледав ситуацијата на Тотенхем однадвор, но кога сте внатре, подобро ги сфаќате работите. Тоа што се случи во јануари не беше лесно. Четири важни и добри играчи си заминаа од Тотенхем, а доведовме само двајца играчи. Не станува збор само за бројки, не сме ослабени само на хартија. Бентанкур и Кулушевски се идеални за иднината на Тотенхем, гледаме дека Тотенхем е клуб кој сака да им даде шанса на млади играчи, а не на играчи кои се готов продукт.

– Во ваква лига, тоа е проблем. Ние не се засиливме оваа зима, ние сме ослабени. Визијата на клубот е да се игра со млади играчи, а неминовно е дека ако сакате брз раст, потребно е да имате играчи со многу поголемо искуство. Такви играчи го подигнуваат нивото на целиот тим. Дури сега сфатив каква е визијата на клубот, – вели Конте во интервјуто за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни