Поврзете се со нас

Конференциска лига

Конференциска лига: Шкупи и Македонија добија ривали од Балтикот, Шкендија влегува како фаворит против тим од Велс

Објавено

на

По извршената ждрепка во Лигата на шампионите и добиениот противник за Струга (Жалгирис), УЕФА направи извлекување и за Конференциската лига, натпреварување од кое дел во квалификациите ќе бидат три македонски тима.

Шкупи, Македонија Ѓорче Петрови и Шкендија ги дознаат имињата на ривалите со кои ќе се соочат во квалификациската рунда во воведното коло, а првите два добија балтички предизвик.

Исто како и Струга, Шкупи доби литвански ривал во тимот на Хегелман, додека „лавовите“ од Ѓорче Петров исто така ќе играат на Балтикот, но против тим од Летонија.

РФС Рига ќе биде ривалот на двата натпревари на Македонија Ѓорче Петров, додека на хартија најлесен противник доби македонскиот тим од Тетово.

Шкендија ќе влезе како фаворит во дуелот со Хаверфордвест Каунти, тим кој доаѓа од Велс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни