Поврзете се со нас

Германија

Кимих призна дека ковид-19 му создал проблеми: Ќе се вратам во 2022 година

Објавено

на

Џошуа Кимих завршил со изолацијата поради позитивниот тест на ковид-19, но нема да се врати на натпреварите на Баерн Минхен во 2021 година.

Клубот и стручниот штаб одлучиле дека не треба да се форсира враќањето на Кимих во ситуација кога тој се чувствува последици од вирусот, па германскиот репрезентативец ќе се подготвува за следната календарска година.

– Среќен сум што завршив со карантинот.

– Добар сум, но не можам да тренирам со полн капацитет поради малото оштетување на белите дробови. Ќе работам по специјална програма и едвај чекам да се вратам во јануари, – изјавил Кимих.

Кимих беше еден од невакцинираните фудбалери на Баерн, кој предизвика дебата со своите изјави во јавноста, за подоцна да се зарази со ковид-19, кој очигледно оставил последици по неговото здравје.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни