Поврзете се со нас

Европски првенства

Капело: Шпанците ме тераат на спиење, да не паднеме во нивната замка!

Објавено

на

Фабио Капело направи своја анализа за големото полуфинално дерби кое вечерва се игра на „Вембли“, дуел пред кој најави дека неговите сонародници не смеат да паднат во замката на Шпанците кои според него играат досаден фудбал.

Легендарниот стручњак предупредува дека Италијанците не смеат да го прифатат нивниот бавен ритам и да бидат „уловени“ од страна на противникот, кој сигурно ќе се ориентира на игра со голем посед на топката и безброј додавања на средината на теренот.

– Јас гледам неверојатен раст во нашиот тим, импресивна еволуција на италијанскиот фудбал. Ќе им кажам само една работа на Италијанците: Не гледајте што се случувало пред 10 години, гледајте што прави Манчини. Италија стана тим кој игра добар фудбал, брз фудбал. Постојано е внимателни и агресивни, ги имаме сите предуслови за да се надеваме на добар резултат.

– Да не дозволиме да заспиеме од играта на Шпанија, нивниот фудбал ме тера на спиење. Шпанија игра бавен фудбал и ако се адаптираме на нивниот ритам, преземаме огромен ризик да страдаме на теренот и да минеме лошо.

– Шпанија е препознатлива по техничките квалитети и одличниот посед на топката. За да одговориме адекватно на тоа, потребна е извонредна брзина и чисти и прецизни кратки додавања. Мора да им одговориме со брз фудбал, бидејќи шпанската одбрана во ниту еден случај не е несовладлива, – порачува Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни